Лазов: Регионални лидери сме по заболени од ковид-19, а Филипче и Спасовски мислат на тендери

Најмногу заразени лица на милион жители има Македонија или повеќе од 4 илјади лица.

1,065

Во Македонија се постигна нов рекорд на на новозаболени лица од ковид-19 и повторно има 8 починати. Вкупната бројка на заболени е поголема од 9 илјади лица, а бројката починати се ближи кон 500 лица, а во мислите на Венко Филипче и Оливер Спасовски се политика и тендери наместо заштита на здравјето и животите на граѓаните, рече на денешната прес-конференција д-р Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека и медиумите во регионот објавиле загрижувачки бројки, но нема загриженост од страна на власта.






–  Најмногу заразени лица на милион жители има Македонија или повеќе од 4 илјади лица. На второ место е Косово со 3.010 заразени на милиони жители, а Србија со 2.776. Словенија со 903 на милион жители и Хрватска 963 со најмалку заразени во однос на бројот на жители – рече Лазов.

Тој додаде дека земјава води и на листата на починати.

–  Досега во земјава починале 189 луѓе на милион жители. Хрватска има најмал број на смртни случаи на милиони жители, 29.Ако вака се движат бројките среде јули, што да очекуваме есента. Неспособноста на Филипче и Спасовски за справување со корона кризата излезе на виделина како никогаш до сега. Заборавија на здравјето на граѓаните  – рече Лазов.

Поврзани содржини