Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе проба да состави влада
Во однос на приговорите на изборниот процес што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, Арсовски рече дека се однесуваат на две главни прашања.
ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара за состав на влада и парламентарно мнозинство, потврди денеска портпарол на партијата Димче Арсовски.
Арсовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ, има легимитет за тоа во бидејќи има најмногу пратенички мандати, а СДСМ добила 4 пратенички мандати како резултат на коализијата со БЕСА.Тој не откри со кои партии од албанскиот блок преговара неговата партија.
– Ние, како што рековме, а и претседателот Христија Мицкоски јавно кажа пред медиумите и граѓаните, ќе се обидеме да составиме влада, но не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа е еден процес кој трае и не би сакал да нарушувам поединечност од тој процес. ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните и е партија која освои најмногу мандати во Македонија, бидејќи сите знаеме дека СДСМ беше во коалиција со Беса, која со нив нив освои четири мандати. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено повеќе мандати од СДСМ – рече Арсовски одговарајќи на прашање, по денешната прес-конференција.
Во однос на приговорите на изборниот процес што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, Арсовски рече дека се однесуваат на две главни прашања.
– Едниот рачно да се пребројат сите гласачки ливчиња, што е многу важно граѓаните да се уверат каква е нивната волја, како гласале, и вториот дел е уште еднаш да апелираме на оној дел каде што експоненти, функционери на СДСМ, јавно водеа кампања за прешкртување на гласачките ливчиња се со цел тоа да го претстават како повик на ВМРО-ДПМНЕ, се со цел тие подоцна бидат неважечки – рече Арсовски.