Барди вечерва се запиша во историјата на Леванте
Барди има 18 погодоци во 100-те натпревари кои ги има одиграно во тимот.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра фантастично и оваа сезона во дресот на Леванте, па и на денешниот натпревар против Селта Виго тој постигна два погодока и сруши еден рекорд на тимот од Валенсија.
Со тоа Барди стана првиот странски играч во Леванте кој успеал да постигне најмногу голови во Ла Лига на 100 натпревари.
Барди има 18 погодоци во 100-те натпревари кои ги има одиграно во тимот.