Лажни негативни тестови за ковид-19 се продаваат за влез во Грција?

Според телевизијата, десетина луѓе се вратени во својата земја затоа што на граничниот премин Промахонас покажале, како што подоцна се испоставило, фотокопија од негативен ковид-19 тест, а не оригинал.

808

Долгите колони со возила на бугарско-грчкиот граничен премин Промахонас се минато, бидејќи сега е потребен само негативен тест на коронавирусот. Но, истовремено, грчките власти предупредуваат дека на овој граничен премин се продаваат и лажни негативни тестови.

Како што објави грчката телевизија „Мега“, туристите во неколку држави од регионот можат да добијат лажен документ и потврда за ковид-19. Според телевизијата, десетина луѓе се вратени во својата земја затоа што на граничниот премин Промахонас покажале, како што подоцна се испоставило, фотокопија од негативен ковид-19 тест, а не оригинал.






Инаку, коронавирусот се врати на голема врата во Грција, многу луѓе не знаат каде и како се заразиле, а исто така забележано е и драматично зголемување на бројот на хоспитализирани лица кај кои е потврдена оваа инфекција.

Поврзани содржини