Во Грција нови 41 заразени, 26 се туристи

Според грчките медиуми, од останатите 30 случаи, половината, односно 15 се исто така кај туристи, но кои по своја иницијатива се тестирале за време на нивниот престој во Грција. 

447

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 41 нови случаи на Ковид-19, од кои 11 се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Вкупниот број на заразени се зголеми на 3.772 лица, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.






Според грчките медиуми, од останатите 30 случаи, половината, односно 15 се исто така кај туристи, но кои по своја иницијатива се тестирале за време на нивниот престој во Грција.

Поврзани содржини