Ахмети: Мислат дека Албанците се дрвосечачи, но ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули ВИДЕО
Се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад, а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години, рече Ахмети.
Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата Изборни дебати на ТВ21.
Тој вели дека, другите, не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција, но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.
– Не е прашањето ДУИ да се испрати во опозиција, бараат Албанците да ги пратат во опозиција, се уште мислат дека Албанците се дрвосечачи, се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад, а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години – рече Ахмети.