Јоксимовиќ, и покрај критиките, со концерт на Охридско лето

Тој ќе одржи концерт на 7 август, со почеток од 22 часот. За време на сите настани во склоп на фестивалот ги следиме препораките за заштита од Ковид-19. Ќе бидат испочитувани сите владини мерки, намален е капацитетот на посетители, има растојание од два метри. Бројот на гости секако дека ќе биде помал од 500 - велат од ПР службата.

875

Поради пандемијата со коронавирусот, јубилејното 60. издание на најголемиот фестивал во земјава,  Охридско лето, кое требаше традицонално да почне на 12 јули, свеченото отворање е закажано на 4 август, на роденденот на оваа манифестација. Фестивалот ќе трае до 30 август.

Синоќа на социјалните мрежи излезе документ со програмата на Фестивалот, по што следеа многу реакции за Јоксимовиќ. На Охридско лето во изминативе години настапувале светските ѕвезди: Хозе Карерас, Енио Мориконе, Џеси Норман, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ, шпанската атракција „Ла фура дел баус“ и други






– Точно е дека Јоксимовиќ ќе гостува на фестивалот, кој започнува на четврти август и ќе трае до крајот на месец август. Тој ќе одржи концерт на 7 август, со почеток од 22 часот. За време на сите настани во склоп на фестивалот ги следиме препораките за заштита од ковид-19. Ќе бидат испочитувани сите владини мерки, намален е капацитетот на посетители, има растојание од два метри. Бројот на гости секако дека ќе биде помал од 500 – велат од ПР службата.

Поврзани содржини
na