Жители на Глумово, Шишево и на Сарај на диво биле приклучени на водоводната мрежа

1,698

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека во последната спроведена акција за утврдување и исклучување на диви приклучоци на водоводната мрежа, диви приклучоци биле утврдени во Глумово, Шишево и Сарај и оти против сите иматели се поткренати прекршочни пријави.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба“, се наведув во соопштението од јавното претпријатие.

Поврзани содржини