Поради технички зафати во електросистемот во градот Скопје, утре без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Гази Баба и Карпош.
Како што информираат од РЦУК Скопје, утре во периодот од 8:15 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Антон Велковски и ул. бр.6 во општина Гази Баба, а од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица Хелсинки“ во општина Карпош.