Денеска ќе се знае дали границите со Косово и Србија повторно ќе се затворат

За тоа или за воведување посебни мерки кон Србија и Косово ќе одлучува Комисијата за заразни болести.

855

Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството.

-Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија – велат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини