СЗО предупредува: Пандемијата се влошува, не слабее
Не е само тестирањето. Не е само физичкото растојание. Не е само следењето контакти. Не е само носење маски. Туку се заедно - рече Тедрос.
СЗО соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни, при што предупредува дека ова покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.
– Пронајдете го, изолирајте го и грижете се за секој случај, следете ги и ставете ги во карантин нивните контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и охрабрете ги граѓаните за да можат да се заштитат себе си и другите – рече Тедрос.
Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат „долг пат пред себе“, пренесува „Гласот на Америка“.
– Не е само тестирањето. Не е само физичкото растојание. Не е само следењето контакти. Не е само носење маски. Туку се заедно – рече тој, потенцирајќи дека една од работите што ги научил во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна за промена на ситуацијата во една земја.
Директорот на СЗО напомена дека носењето маска понекогаш може да спаси животи.