Мицкоски: На 15-ти јули со обнова на Македонија ќе се врати честа и честитоста на Македонецот

Мицкоски посочи дека поради ветувањата кои не ги исполни му се ближи крајот на Зоран Заев.

195

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со носителот во третата изборна единица Игор Јанушев ја посетија општината Чешиново – Облешево, од каде порача дека на 15-ти јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ.

–  Потребно е на 15-ти јули да излеземе масовно, да се заштитиме најпрвин себеси, да ги заштитиме и тие кои што ќе дојдат со нас. Да излеземе масовно и гласно да зборуваме позади параванот. Да го заокружиме бројот 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев, носителот на листата на победничката коалиција.Тоа е последната битка која не чека Јас сум свесен дека Македонецот се исправал и обединувал кога му е било најтешко. А, сега можеби и потешко не ни било, денеска шкрипат забите, треперат образите, а истовремено луѓето се чувствуваат непријатно, се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонецот никогаш во историјата не бил попонижен од овие три години, омаловажен, обесправен, со изгубено национално достоинство, гордост, чест и честитост –  изјави Мицкоски.






Мицкоски посочи дека поради ветувањата кои не ги исполни му се ближи крајот на Зоран Заев.

– Веќе лагите на Зоран Заев и неговите функционери не успеваат никаде. Зоран Заев треба да научи дека со народот нема играње, народот дава но и зема – рече Мицкоски од Чешиново – Облешево.

Поврзани содржини