ДУИ: Aрбен не би бил разрешен, ако презимето му беше Спасовски

Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини, велат од ДУИ.

552

Разрешувањето на Арбен Зибери поради неговото презиме зборува за латентната етничка омраза на македонските политички партии. Aрбен не би бил разрешен ако презимето му беше Спасовски, реагира ДУИ за разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Зибери.

– Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини. Причината за неговото разрешување е повеќе од јасна, бидејќи се случи наскоро откако чичкото на Арбен Зибери призна дека се кандидира за премиер. Атакот на семејството на првиот албански кандидат за премиер е срам и неприфатлива акција. Тоа го покажува и менталитетот на македонските партии, кои според нив моќта им припаѓа само на Македонците, а Албанците немаат право да претендираат за премиер. Разрешувањето е исто така јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација, затоа што досега ниту еден не бил отпуштен од владата заради искажување на своето мислење на Фејсбук – велат од ДУИ.
Без воопшто да се суди за содржината на фејсбук статусот на  Зибери, велат од ДУИ, сите знаат дека ако тоа би била вистинската причина, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, ќе требаше да бидат отпуштени неколку пати.
Поврзани содржини