Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска вечерва на трибина во Аеродром рече дека изминатите три години се направени клучни реформски процеси кои значат многу за развој на праведно општество и вложување во граѓаните.
– Не запираме тука, туку продолжуваме со реформските процеси. Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40%, а просечната до 30%. Не ги забораваме и највозрасните. Новото ниво на минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари – додаде Царовска.