Згаснаа шест животи, а 156 се новозаразени од коронавирусот во Македонија
Денеска се потврдени 156 нови случаи на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани е 4.820, оздравени се 27 пациенти , a починати се шест лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања.
Во Скопје има 100 заболени, Куманово 11, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово 1, Свети Николе 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од Скопје 10, Штип 3, Тетово 10, Велес 1, Битола 1 и Неготино 2.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.
На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.
Во рамки на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, а нема позитивен резултат.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19 , информираат од Министерството за здравство.