Во Мексико запленети над четири тони дрога откриена со рентгенски скенер

224

Мексиканската полиција заплени големо количество на дрога во градот Тихуана, во близина на границата со САД.

Запленети се 301 кутија со марихуана со тежина од 3.607 килограми и 21 кутија со метамфетамини, тешки 565 килограми.

Според прелиминарните процени вредноста на запленетата дрога е околу 3,5 милиони долари.

Илегалната пратка е откриена со рентгенски скенер.

Поврзани содржини