ДС: Наместо полициски час, екукација на граѓаните за коронавирусот

427

Демократскиот сојуз предлага наместо ригорозни рестриктивни мерки, полициски час и забрани за движење – кампања за информирање и едукација на граѓаните за почитување на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Од таму сметаат дека има граѓани кои не се доволно информирани за опасноста од вирусот и како да се заштитат себеси и другите.






Затоа Демократскиот сојуз предлага да се подготви јасна препорака за самозаштита и заштита на другите од можна инфекција од ковид-19.

Во информирањето и едукацијата на граѓани да се вклучат медиумите и социјалните мрежи, преку телефонските оператори секојдневно да се испраќаат до сите граѓани едукативни пораки и министерствата, а особено Центарот за управување со кризи, МВР, МО, општините и месните заедници, како и штабовите за цивилна заштита да се вклучат во едукацијата на граѓаните.

„Посебно е битна улогата на полицијата која со предупредување за почитување на мерќите ќе влијае превентивно. Министерството за здравство, здравствените установи (од јавното и приватното здравство), посебно матичните лекари, педијатри, гинеколози, стоматолози и другите да ги едуцираат сите свои пациенти со доставување на препораки преку емаил или телефон. Верските заедници преку своите службеници, секојдневно да ги информираат и едуцираат своите верници и пошироко. Универзитетите, средните и основните училишта да ги едуцираат студентите и учениците преку праќање на маилови, смс пораки итн. Политичките партии со јавни настапи, информирање и едукација пошироко, но и нивните членови, можат многу да придонесат во спречување на ширенје на вирусот и борбата против лажните вести, теориите на заговор и сл. Невладините организации можат да помогнат во информирањето и едукцијата на граѓаните преку планирани активности со вклучување на експерти и сл“, велат од ДС.

Поврзани содржини