Поддршка на македонскиот туризам: Ваучери од 6.000 денари за граѓаните со месечни приходи до 15.000 денари

482

Туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата и токму поради таа причина во третиот пакет економски мерки вклучена е и поддршка на оваа значајна гранка, соопшти Јован Митрески, пратеник од СДСМ.

– Со цел поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор, предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари. Оваа категорија на граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, во период од 15 јули до 15 декември 2020 година – информира Митрески.






Според постапката за добивање на ваучер, УЈП ги доставува податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, а потоа на нив преку електронска пошта им се доставува ваучер со код во вредност од 6.000 денари и упатство за негово користење.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

 

Поврзани содржини