ДУИ преку соопштение ги покани сите албански партии да и се приклучат на иницијативата за следниот премиер Албанец на Северна Македонија и да се договорат за тоа.
„Со албански премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот подеднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност“, велат од ДУИ.
ДУИ ги повика сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа „национална кауза за албански претседател на Владата“.
„Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за албански премиер? Сега е наше време“, соопшти ДУИ.