Ноќеска некој ја гаѓал Владата со јајца
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, наведено е во соопштението на МВР.
Непознат сторител ноќеска фрлал со јајца на фасадата на Владата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 04.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 03.06.2020, во периодот од
22.30 до 23.00 часот, непознато лице фрлило јајца на фасадата на предниот дел од објектот на
Влада на РСМ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, наведено е во соопштението на МВР.