Со помош на полиција ќе се земa епидемиолошка анкета од семејство на починат во приватна болница
Моментално, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.
Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот ковид-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.
Како што соопштија од Министерството заздравство, за овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информирал дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.
Моментално, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.