Мицкоски: Очекувам Пендаровски да даде 14 дена вонредна состојба
Тој ги повика членовите на комисијата за заразни болести да не го слушаат Зоран Заев и да решаваат според медицинските наместо политичките потреби,
Очекувам претседателот Пендаровски да даде 14 дена вонредна состојба, иако кога бројката на заразени и починати била помала, се прогласуваше вонредна состојба од 30 дена, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на пред-конференција која се одржа додека траеше седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.
– Мислам и очекувам дека Пендаровски ќе одговори на играта и ќе одреди вонредна осстојба од 14 дена. Не очекувам дека Пендаровски ќе рече „нема да ви дадам 14 дена туку ценам дека треба да бидат 30“. Нелогично е барањето на истите луѓе кои олабавуваа мерки сега да бараат вонредна состојба. Истите луѓе кои претходно ги олабавуваа мерките, вчера убедуваа дека размислуваат за повторно воведување на вонредна осстојба – рече Мицкоски.
Тој ги повика членовите на комисијата за заразни болести да не го слушаат Зоран Заев и да решаваат според медицинските наместо политичките потреби.