Во верижен судир на пет возила повредено е едно лице

640

Доцна попладнето на улицата „Партизанска“ во Битола се случи сообраќајна незгода, верижен судир на пет возила.

Во сообраќајката оштетени се три возила марка „форд мондео“, „мерцедес“ и комбе возило марка „фиат“, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска“ во Битола.






СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од верижниот судир на 5 автомобили кој доцна попладнево се случи во Битола

Поврзани содржини