„Кралевите“ ќе дадат четворица играчи за Погба

Реал е подготвен за Французинот да се раздели од четворица играчи – Мартин Едегор, Џејмс Родригез, Лукас Васкез и Маријано Дијаз.

478

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави „Сан“.

Реал е подготвен за Французинот да се раздели од четворица играчи – Мартин Едегор, Џејмс Родригез, Лукас Васкез и Маријано Дијаз.






Во сезоната 2019/20 година, 27-годишниот Погба одигра натпревари за Манчестер јунајтед, тој има две асистенции на својата сметка. Играчот од средниот ред го пропушти поголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува неговата вредност на 80 милиони евра.

Се претпоставува дека Погба ќе биде подготвен за продолжување на сезоната.

Поврзани содржини