Бектеши: Одзедовме пет концесии во Лабуништа

Бектеши рече дека концесионерите имаат рок од еден месец да достават барање за други локации за истата минерални суовини со подготвени сите документи поврзани со заштитата на животната средина.

567

Минисерството за економија еднострано раскина пет концесии за експлоатација на минерални суровини, информира  министерот за економија Крешник Бектеши.

Концесиите се раскинати врз основа на последната Уредба за примена на Законот за минерални суровини за време на вондредна состојба која на предлог на Министерството за економија ја донесе Владата.






Бектеши рече дека концесионерите имаат рок од еден месец да достават барање за други локации за истата минерални суовини со подготвени сите документи поврзани со заштитата на животната средина.

Како што рече Бектеши, оваа одлука е донесена врз основа на барањето на жителите на Лабуништа.

Поврзани содржини