Уште двајца од Дебар се позитивни на коронавирусот

576

Од сите испитани пациенти двајца се позитивни на коронавирусот. Тоа се луѓе од  Дебар кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани, биле комшии имале чести контакти. Сите други нивни роднини се негативни, но ќе продолжат да бидат во изолација и да бидат на домашно лекување, рече министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција.

Во однос на мерките, тој додаде дека  се утврдени категориите на пациенти со хронични болести кои што ќе треба да дадат потврда од матичен лекар и тоа за хронични респираторни заболовања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет, малигни заболувања, имуно компромитирачки заболувања.

Поврзани содржини