Рекордни 50 гола на 16 натпревари оствари Баерн под водство на Флик
Под водство на Флик, Баерн одржа 23 меча, забележа 19 победи, еднаш резмизира и три пати загуби.
Актуелниот германски шампион Баерн Минхен вчеравечер го совлада Унион Берлин со 2:0 во 26. коло од Бундеслигата.
Тоа беше 16. натпревар на Баварците под водство на Ханс-Дитер Флик.
Во овој период Баерн постигна 50 голови – никој во Бундеслигата не стигна побрзо до ваков резултат.
Под водство на Флик, Баерн одржа 23 меча, забележа 19 победи, еднаш резмизира и три пати загуби.