Рочиштата за предметот „Рекет“, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 26 и 27 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
„Поради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето со КОК. бр. 116/19 во јавноста познат како ‘Рекет’, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 и 20 мај 2020 година, се одлага“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.