Дерковски на Алфа: Околу 100.000 луѓе ќе бидат ангажирани за денот на изборите

Тој истакна дека луѓето ќе треба да бидат присутни преку целиот ден на избирачките места и тие ќе треба да обезбедат услови и начин на функционирање со протоколите кои ДИК ќе треба да ги донесе.

1,308

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, во вечерашното гостување на Алфа рече дека можеби ќе треба да се ангажираат над 100.000 луѓе за денот на изборите.

Тој истакна дека луѓето ќе треба да бидат присутни преку целиот ден на избирачките места и тие ќе треба да обезбедат услови и начин на функционирање со протоколите кои ДИК ќе треба да ги донесе.






– ДИК мора да има оптимално 45 до 50 денови за да се завршат сите дејствија, за процесот да биде крајно легитимен, и да не се доведеме до ситуација да добиеме оценка оти не сме ги спровеле изборите како што треба. Потребни ќе бидат околу 100.000 луѓе за денот на изборите, кои треба да бидат цел ден на избирачките места за да се обезбедат услови и начин на функционирање со Протоколите кои ДИК ќе треба да ги донесе – истакна Дерковски.

Поврзани содржини