Ибрахимовиќ од балкон: Бог се врати и ве гледа!
Ибра на Инстаграм објави фотографија од неговиот дом во Милано и испрати порака: „Бог се врати и ве гледа!“.
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ вчера се врати во Милано, а денеска преку социјалните мрежи, во свој стил, им се обрати на своите фанови.
На Ибрахимовиќ му биле направени два теста за коронавирусот, кои биле негативни, па затоа веднаш беше пуштен од карантинот во Миланело да се врати во својот дом, а од утре ќе почне со тренинзи.
Ибра на Инстаграм објави фотографија од неговиот дом во Милано и испрати порака: „Бог се врати и ве гледа!“.