Арсовски: Сериозни сведоштва дека Заев корумпирал активисти од Шарена револуција со црни пари од партијата (ВИДЕО)

Најскандалозно е признанието на поранешната соработничка на Заев, Николова Буџаку, дека Зоран Заев ги упатувал ваквите субјекти парите да ги подигаат од самата партија СДСМ, без било какво покритие. Тоа покажува дека Зоран Заев и СДСМ има сериозен сомнеж дека користат црни пари со кои финансираат политички отстрел на неистомисленици. Можете да замислите од каде доаѓаат тие црни пари - изјави Арсовски.

1,075

Зоран Заев стана синоним за лаги, злоупотреби и криминал. Неколку дена откако јавноста слушна разговори од Зоран Заев, се повеќе од неговите поранешни блиски луѓе и соработници се одважија да говорат за Зоран Заев и практично да го потврдат се она кое што граѓаните го слушнаа во јавноста од страна на медиумите – изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. 

Тој додаде: 






Вчерашното сведоштво на поранешната блиска соработничка на Заев и шарена револуционерка односно активиска, Мери Николова Буџаку, која беше дел од шарената револуција даде јасна слика за тоа како дејствувал Зоран Заев изминативе години манипулирајќи ја целата јавност.

Таа потврди Зоран Заев пред доаѓањето на власт го заробил целиот невладин сектор во Република Македонија, баш онака како што тоа го призна и Зоран Заев во аудио бомбите кои ги слушна целата јавност. Тој поткупувал и корумпирал лица и невладини организации коишто имале потоа задача да оцрнуваат лица и слепо да служат на неговите штетни политики кои што ги промовираше во јавноста. Најскандалозно е признанието на поранешната соработничка на Заев, Николова Буџаку, дека Зоран Заев ги упатувал ваквите субјекти парите да ги подигаат од самата партија СДСМ, без било какво покритие. Тоа покажува дека Зоран Заев и СДСМ има сериозен сомнеж дека користат црни пари со кои финансираат политички отстрел на неистомисленици. Можете да замислите од каде доаѓаат тие црни пари. 

Николова Буџаку тврди дека нејзе и биле нудени пари директно од Зоран Заев за да ја поткупи нејзината наклонетост.

Ова е добар сегмент каде што јавноста може да види што всушност и како корумпирал Зоран Заев во невладиниот сектор. 

Затоа бараме институциите да ги проверат овие наводи бидејќи тоа отвора сомнеж како се финансирала СДСМ и како ги троши парите без покритие. Очигледно дека овие трансакции не се евидентирани во извештаите на СДСМ. Дали Зоран Заев ваквите црни и тајни фондови ги полнел со парите од „Рекет“, со Луј Витон торбите и потоа истите ги користел за корумпирање на невладиниот сектор, медиумите и правосудните органи со цел да купи своја заштита и елиминирање на своите политички неистомисленици?

Поранешната сопартијка на Заев призна дека тој самиот, освен што потплатувал и дрско манипулирал со јавноста, граѓаните и активистите во време на шарената револуција пуштајќи едитирани материјали со што ги злоупотребувал чувствата на граѓаните, се со цел да добие лични и партиски ситни поени.

Зоран Заев е давеник за сламка. Зоран Заев е политички губитник. Тоа им е јасно на сите. Вистината веќе излегува на виделина, а наскоро тој и кликата околу него ќе бидат казнети од граѓаните, а во една транспарентна постапка сето тоа ќе биде истражено и санкционирано соодветно и од институции кои ќе бидат ослободени од неговите канџи и неговите црни пари.

Времето на ваквите политики како Зоран Заев што ги водеше заврши.

На новинарско прашање за коментар во врска со веста којашто излезе во медиумите дека Зоран Заев праќал тајно депеше во неколку точки, Арсовски одговори:

– Да, вакви информации околу испраќањето на тајно депеше до одредени странски дипломати стигнаа и до нас истите информации со тоа што морам да потенцирам дека доколку Заев бил храбар да праќа тајни депешеа  до дипломати без да извести јавноста, сега треба да биде уште повеќе храбар и да и признае на јавноста и да наведе зошто го направил тоа.

Морам да потенцирам дека Зоран Заев во моментов е како давеник фатен за сламка, тоа јасно може да се види од контентот. Повторно гледаме дека оди и фрла се на една карта тоа е „all-in“  се со цел само да се спаси бидејќи знае колку криминал има позади себе и знае што го чека после изборите. Очигледно е дека е подготвен и да се коцка и да си игра со судбината на сите граѓани во Република Македонија од проста причина што е подготвен да буквално ги продаде и сите национални интереси, оние малку кои што останаа непродадени од негова страна.

Едно е многу важно што мора  да го знае јавноста, а тоа е дека ништо нема да го спаси од пораз Зоран Заев, ниту тајни депешеа, ниту било што друго. Времето на Зоран Заев заврши и почнува обнова на Република Македонија. Зоран Заев е минато и завршена приказна за оваа држава – рече Арсовски. 

 

 

 

Поврзани содржини