Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Taа изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја заtскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар, реагира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев откако вчера Шилегов го нарече „лудак“.
„За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за затскривање на неговата неспособност и некомпетентост. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е ‘лудо’, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е ‘лудо’ и тогаш може да ме нарекува така.
Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост“, наведува Чулев во својата реакција на Фејсбук.
„Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде ‘лудо’ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера, порача Чулев.