Шпанија планира со јаже да огради места за сончање, „квадратите“ не може да се резервираат
Една од најпознатите туристички дестинации во Шпанија, Лорет де Мар на Коста Брава, ќе ги подели своите плажи на три различни возрасни сегменти во обид да го запре ширењето на коронавирусот.
Плажите ширум Шпанија создаваат „квадрати“ за сончање оградени со кордони каде што ќе се наоѓаат туристите. Некои региони дури воведуваат назначени зони за различни возрасти и семејни групи. Се изготвуваат нови планови за плажата Силгар на северозападниот дел на Шпанија, објави британски „Сан“.
Видеото објавено на Фејсбук-страницата на локалниот совет покажува дека плажата е поделена на пет различни секции. Во рамките на секциите, ќе има 780 места обележани со употреба на јаже, кои имаат растојание од 1,5 метри помеѓу секое од нив. Туристите ќе мора да останат во 9 метри квадратни додека се на плажа, со две ленти – една за одење и играње игри, а друга за доаѓање до тоалетите и објектите – исто така на местото. Исто така, ќе се спроведат и премини кон морето, со ленти со ширина од шест метри.
Tуристите нема да можат да ги резервираат оградените „квадрати“ за сончање на плажата.
Една од најпознатите туристички дестинации во Шпанија, Лорет де Мар на Коста Брава, ќе ги подели своите плажи на три различни возрасни сегменти во обид да го запре ширењето на коронавирусот.
Иако повеќето шпански летувалишта имаат намера да ги одвојат своите плажи со специфични површини за сончање, претежно со конуси или со ознаки во песок, Лорет де Мар треба да оди еден чекор подалеку пред да се надева дека ќе ги пречека туристите до следниот месец.