Во Русија во последните 24 часа 10.599 заразени од ковид-19

183

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.559 лица заразени со вирусот Ковид-19, соопшти Оперативниот штаб за борба против ширењето на коронавирусот.

Во Москва има 5.858 новозаразени, во Московската област 828, а во Санкт Петербург 312. Кај 4.341 пациент нема клиничка слика на вирусот. Во последното деноноќие починати се 86 лица.






Според РИА Новости, вкупниот број заразени со новиот коронавирус во Русија достигна до 165.929 луѓе, излекувани се 21.000, а 1.537 се починати

Поврзани содржини