Откако одекна веста во медиумите дека познатиот ТВ-водител, композитор и пејач Драган Вучиќ починал утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје, не престануваат пораките и објавите со сочуство и тага на социјалните мрежи од страна на неговите пријатели, колеги и обожаватели.
Драган Спасов Дац, Панчо од ДНК, Бранко Огњановски, Елена Велевска се само дел од познатите личности кои се збогуваа со Драган Вучиќ со објави на социјалните мрежи.
Тие во објавите изразуваат сочувство, но и раскажуваат анегдоти, спомени, заеднички дружења…
ФОТО: Фејсбук