Шпанија олеснува карантински мерки, носењето заштитни маски во јавен транспорт задолжително

406

Носењето заштитни маски на јавниот превоз во Шпанија ќе биде задолжително од понеделник за да се спречи ново зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус бидејќи државата постепено излегува од изолација, рече денеска премиерот Педро Санчез.

Владата, која досега само „силно препорачуваше“ употреба на маски, в понеделник ќе дистрибуира шест милиони заштитни маски низ целата земја и ќе им обезбеди на градоначалниците и провинциите седум милиони маски да ги дистрибуираат на лице место, додаде Санчез.






Премиерот исто така најави дека Владата ќе одобри фонд за обновување од 16 милијарди американски долари за да им помогне на регионалните власти да се справат со социјална и економска штета од коронавирусот.

Премиерот исто така рече дека одредено ослободување од рестриктивните мерки воведени против ширењето на коронавирусот ќе стапи на сила на 4 мај и увери дека во Шпанија заразата е под контрола.

Почнувајќи од следната недела, рестораните и кафулињата повторно ќе почнат со работа кои ќе може да дистрибуираат храна.

Шпанија е една од најтешко погодените држави. Беа регистрирани над 216.600 случаи. Бројот на смртни случаи е 25.100. Во последниве недели, сепак, нивото на заразата се намали.

Поврзани содржини