Богдановиќ ќе земе 14.500 денари плата, остатокот ќе го даде во корона- фондот

Ваквите кризни периоди се само мотив плус за нас, оние кои сме на функција, да покажеме што всушност значат солидарноста, хуманоста и емпатијата на дело, со сопствени примери.

670

Како функционери избрани на избори токму од Вас – граѓаните, имаме обврска пред Вас да бидеме одговорни, секојдневно да работиме и да бидеме позитивен пример. Затоа, без разлика на денешната одлука на Уставниот Суд, известувам дека мојата плата во овој кризен период ќе изнесува 14.500 денари, а разликата ќе ја донирам во фонд за борба против пандемијата на ковид 19 (корона вирус), напиша на Фејсбук градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

– Ваквите кризни периоди се само мотив плус за нас, оние кои сме на функција, да покажеме што всушност значат солидарноста, хуманоста и емпатијата на дело, со сопствени примери.






Повторно апелирам да ги следите препораките на владата и Министерството за здравство, останете дома, водете сметка за вашата лична хигиена и грижете се за вашето здравје и здравјето на најблиските.

Бидете трпеливи, заштитете се и себе и блиските. Сѐ она што сега пропуштаме ќе го надокнадиме подоцна, но загубените човечките животи никогаш нема да ги вратиме, напиша Богдановиќ.

Поврзани содржини