Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 вели дека било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч.
Toj додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот.
– На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието – вели Џафери.
До Собранието, иницијатива за негово повторно свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.