Италијанска манекенка скоро два месеца е позитивна на ковид-19, лекарите вчудоневидени

2,050

Италијанска манекенка веќе 56 дена е позитивна на коронавирусот. Овој случај преизвикува вчудоневиденост кај лекарите кои го испитуваат ова.

Манекенката, како што јавуваат медиумите во Италија, на 28 февруари била примена во болница во Болоња со симптоми на коронавирусот.






Бјанка Добриу редовно се тестирала.Четири пати резултатите и покажале дека е сѐ уште е позитивна на коронавирусот. И шестиот тест кој бил направен минатата недела исто така бил позитивен.

– Пациентот е добар, но тестовите се позитивни. Внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Никој друг во Италија не бил толку време позитивен. Инаку, позитивните резултати не траат повеќе од четири дена – вели експерт за инфекции од Италија, Луциано Атард.

Бјанка за локалните медиуми изјавила дека не е премногу загрижена поради резултатите и се чувствува добро. Се наоѓа во изолација со мајка ѝ која три пати е тестирана и сите резултати се негативни.

Поврзани содржини