Ако знаевте дека постои едноставен преглед преку кој вашиот лекар може да открие некои здравствени проблеми, сигурно веднаш би отишле на преглед веднаш…
Многумина од нас не знаат дека рутинскиот преглед на очите може да понуди важни информации за целокупното здравје и да открие некои проблеми пред дури и самите да забележите дека нешто не е во ред.
Ако се открие навреме, многу од овие болести можат да се лекуваат поуспешно.
1. ДИЈАБЕТЕС
Негативниот ефект на дијабетесот може да се одрази на целиот организам, но офталмологот може да го забележи проблемот со набљудување на крвните садови лоцирани на задниот дел од окото. Еден од симптомите на дијабетес е и крвавење на мрежницата (ретината), кое лекарот исто така може да го забележи навреме со преглед на очите.
2. МАЛТИПЛА СКЛЕРОЗА
Прегледот на очите е исто така добар начин да се идентификуваат оптички невритис или воспаление на видниот (оптички) нерв, а може да биде првиот симптом кој луѓето со мултипла склероза можат да го забележат. Се разбира, првите симптоми може да се разликуваат од личност до личност, но ако рано се откријат, рано може да се почне и со терапијата.
3. ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Ако вашиот лекар открие оштетување на крвните садови во окото за време на прегледот, тоа може да биде симптом на висок крвен притисок, а таа состојба е поврзана со опасни состојби како што се срцеви заболувања и срцев удар. Ако се забележи навреме, ситуацијата многу полесно може да се контролира.
4. АРТРИТИС
Луѓето што страдаат од артритис имаат покачено ниво на хемикалии во крвта што предизвикуваат воспаление низ целото тело. Иако најчесто ги погодува зглобовите, околу една третина од луѓето забележуваат проблеми на очите, како сувост. Офталмологот може да ја открие болеста во рана фаза со преглед.