Доктори се венчале во болница ФОТО

Двајцата ставиле маски и на болничката количка прикачиле знак „штотуку венчани“, а единствените гости на церемонијата биле колегите, додека, пак, семејствата и пријателите ја следеле свадбата преку интернет.

669

Докторот Мајкл Сан и докторката Шелун Цаи од Северна Каролина морале да ја откажат сопствената свадба поради пандемијата со коронавирусот, но, сепак, на крајот се сетиле дека можат да одржат мала свадбена церемонија во болницата каде што двајцата работат.

Двајцата ставиле маски и на болничката количка прикачиле знак „штотуку венчани“, а единствените гости на церемонијата биле колегите, додека, пак, семејствата и пријателите ја следеле свадбата преку интернет.






– Колегите знаеја дека ја одложивме свадбата и кога моравме да работиме во сабота, дознав дека планираниот датум е токму тој, 11 април. Одеднаш сите се вклучија, ми направија превез и ни помогнаа да направиме свадба – рекла Шелун за „Добро утро Америка“.

Поврзани содржини