Нотр Дам се враќа во живот: За Велики петок прва служба по разорниот пожар

За време на церемнонијата планирани се читања на верски текстови и музика, но без поголемо присуство на верниците.

501

Во Катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожарот пред една година, парискиот надбискуп ќе ја предводи службата по повод Велики петок по грегоријанскиот календар.

Се проценува дека ова покажува дека катедралата, каде избувна пожарот на 15 април 2019 година, се враќа во живот, барем за момент, како централно место за молитвата во француската престолнина, која е ставена во карантин поради коронавирусот.






За време на церемнонијата планирани се читања на верски текстови и музика, но без поголемо присуство на верниците. Бидејќи катедралата е затворена за јавноста, само мал број луѓе ќе учествуваат во службата, но истата ќе се емитува во живо.

Парискиот надбискуп Мишел Упети му оддава почит на Трновиот венец, кој го преживеал пожарот, во кој беше уништен покривот на катедралата.

Поврзани содржини