Северина ја поздрави Македонија на карантинскиот концерт ВИДЕО
Таа секој викенд се снима во живо на Инстаграм и разговара со фановите, а како што вели, нејзината цел е да ги занимава луѓето за време на карантинот.
„Поздрав до Хрватска, Србија, Босна и Херцеговна, Црна Гора и Словенија, ве сакам!“, напиша хрватската пејачка Северина на социјалната мрежа Инстаграм, веднаш под видеото кое таа го „нарекува карантински концерт од дома“.
Таа секој викенд се снима во живо на Инстаграм и разговара со фановите, а како што вели, нејзината цел е да ги занимава луѓето за време на карантинот.
Во ова видео таа ја пее песната „Италијана“, а на фановите им порача да се облечат во нешто убаво, да земат чаша вино и да уживаат во концертот.