Хрватска ќе ја намали работната недела на 4 дена поради коронавирусот?

Најавена е седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и Владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат можни заштеди.

343

Хрватскиот министер за труд Јосип Аладровиќ не ја исклучи можноста државата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на новиот коронавирус.

Тој рече дека е најавена седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и Владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат можни заштеди.






– Потпишани се колективни договори, но очекувам претставниците на работниците да ја прифатат ситуацијата – изјави Аладровиќ, за РТЛ Данас.

Тој исто така најави дека работната недела може да се намали на четири дена.

– Во овој момент, ние се решивме за мерките што ги презентиравме минатата недела, но јас не би ја исклучил мерката за скратување на работната недела – рече Аладровиќ.

Поврзани содржини