Д-р Марковски: Да не бидеме заложници на вирусот, треба да се навикнеме да живееме со него
Ако сакаме да постигнеме заштита со вакцина таа ќе биде краткотрајна, зашто овие вируси брзо мутираат, вели Марковски.
Се надевам дека ќе стекнеме колективен имунитет. Не можеме да се чуваме од инфекции, треба да се навикнеме да живееме со нив. Секој од нас во себе носи барем по неколку вируси и голем број бактерии. Според мене, треба полека епидемиолозите и комисијата да размислат да ги олабават овие мерки за луѓето да се навикнат дека со оваа болест ќе живееме, сега таа ги напаѓа луѓето со намален имунитет, вели професор д-р Вело Марковски, инфектолог во синоќешното гостување на ТВ 24.
– Да не бидеме заложници на овој вирус, треба да живееме нормално и да го прифатиме овој вирус. Да ги оставиме лекарите да се занимаваат со оваа болест и тие да се навикнат и да бидат спремни кога ќе дојде оваа болест – порачува Марковски.
– И ние да, со тие драстични мерки ќе ги спречиме, но треба излеземе еден ден. Но, навистина епидемиолозите треба да размислуваат и за една друга состојба, ние сега се изолиравме ќе имаме релативно мал број на позитивни, но познавајќи ги другите болести, што се случува? Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала. Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува. Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери и тн. – предупредува Марковски.
На прашањето дали треба граѓаните да носат ракавици и маски, тој вели:
– Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респиратни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор. Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите.
– Ако сакаме да постигнеме заштита со вакцина таа ќе биде краткотрајна, зашто овие вируси брзо мутираат. Вакцината за грип штити најмногу девет месеци. Масовно вакцинирање за да се направи колективна заштита со вакцина е на некој начин утопија, а резултатот би бил краткотраен. Што догодина? Има и такви концепции, гледаме дека Англија, Шведска отидоа во тој правец да создаваат колективен имунитет. И ова заслужува анализа. Лошо е што во моментот кога имаме ваков притисок треба да се носат паметни одлуки. Може догодина да ни се врати вирусот и да удри врз младите. Може да останеме во стаклено ѕвоно, но што кога ќе излеземе? – прашува Марковски.
Тој вели дека не може вирусот да стои на зеленчук и на овошје и дека за да се пренесе треба да има повеќе услови. Марковски цитираше хрватски колега кој вели „не знам какви ќе бидат последиците од пандемијата со коронавирсот, но очекувајте да имаме пандемија со психијатриски болни“. Такви трагедии ќе се случуваат од таква паронаја и се плашам дека ќе бидат со уште поголем интензитет, предупредува Марковски.
– Од целата оваа ситуација ќе излезат многу нови состојби и општествени, политички, економски и можеби ќе сфатиме дека во здравството треба да се инвестира, дека наши многу добри доктори ни одат во странство, дека на лекарите не треба да им се дава аплауз туку да им се покачат платите. Ако е точно дека лекарите сега остануваат по 36 часа на работа, тоа треба веднаш да се прекине зашто можат да го намалат имунитетот и да бидат подложни на инфекции – дециден е Марковски.
Иако, како што вели, не се благодарни споредувањата, во овие три месеци 130.000 умреле од СИДА, 150.000 луѓе се починати од рота вируси, 20.000 умираат дневно поради некоја инфекција.
Тој напоменува дека генерално антивирусен лек нема. Според него, треба да се испита и типот на инфекцијата за да се види која терапија ќе даде позитивни резултати. Напоменува дека се можни и големи изненадувања околу вирусот според трудови кои сѐ уште се во драфт верзија.
Во однос на тоа до каде се истражувањата на овој вирус, за корона вирусот рече дека е мутиран во насока што има шилец кој му озовможува полесно да влезе во клетката, како и дека сѐ уште не се успеало вирусот да се засади на клетки.
Целото интервју погледнете го на ТВ 24.