Занаетчиите и вршителите на самостојна дејност ќе добијат субвенции

Владата и за оваа поддршка донесе уредба.

453

Владата ќе ги помогне и занаетчиите и вршителите на самостојна дејост кои се погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, за што донесе Уредба со сила на закон.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.






Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.

Поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно.

И за оваа мерка сите услови за стекнување право на користење на поволностите, ќе бидат објавени во Уредбата што ќе се публикува во Службен Весник и на веб страницата на Владата.

Поврзани содржини