Спасовски: Од ВМРО-ДПМНЕ немаме досега добиено уредби
На двете средби на советот присуствуваа и претставници на опозицијата - вели техничкиот премиер.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше мерките кои се донесени во врска со платите на сите вработени погодени од економско-здравствената криза, при што одоговри од кого се имаат добиено предлози за при донесување на економските мерки.
Тој рече дека пристигнувале предлози од политички партии, комори, здруженија на граѓани и интелектуалци, кои што биле разгледување на Економскиот совет.
– На двете средби на советот присуствуваа и претставници на опозицијата. Доколку ме прашувате за некакви најавени уредби кои беа најавувани дека ќе се достават до Влада, такви немаме добиено. Како и да е секој добронамерен предлог е вреден за разгледување, а уредбите ги донесуваат ресорните министерства – изјави Спасовски.
Во врска со реакциите на Коморите за поднесувањето на барањата, поради тоа што биле побарувани многу документи, како и за неправилностите кои ќе се појаваат при аплицирањето од Коморите беше побарано парите да ги добијат веднаш, а неправилностите да се побараат по завршувањето на кризата.
– Не знам на што е реакцијата на постапката дека е сложена, затоа што таа ќе биде објавена денеска во Службен весник. Инаку повторувам дека имаме многу едноставна процедура за искористување на финансиските средства. А во врска со второто прашање за апликациите, доколку тие ги исполнат ќе ги добијат парите. Никаде во светот нема доколку не исполнувате некои критериуми дека ќе добиете финансиски средства – вели Спасовски.