Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски на Фејсбук вечерва вербално го нападна и го навреди новинарот Горазд Чомовски, откако беше објавен дел од интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ 24 .
Ова предизвика бурни реакиции на социјалната мрежа и осуда на пишувањето на Јакимовски, а Здружението на новинарите побара од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР да спроведе истрага потсетувајќи дека изречените закани се кривично дело.