Во Битола вчера на улицата „Филип Втори Македонски“ од удар од автомобил тешко е повредена битолчанка.
Патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(29) од Битола, удрило во пешакот Е.И.(45) од Битола. Во незгодата Е.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола