Познатиот ТВ-готвач Флојд Кардоз (60) почина од последици од коронавирусот.
„Со голема тага ви јавуваме дека почина шеф Флојд Кардоз“, објавиле од „Hunger Inc. Hospitality“, каде што овој популарен готвач работел.
Флојд дознал дека е позитивен на коронавирус на 18 март, а во болницата бил примен ден порано, на 17 март.
Симптомите почнал да ги чувствува откако се вратил од Индија, каде го снимал серијалот на „Нетфликс“, „Ugly Delicious“ со актерот Азиз Ансари.
Готвачот на 17 март објавил и селфи од болницата на Инстаграм.